ГРЧКО ВЕТО - НА СЛЕПО
Не ме загрижуваат грчките закани за ставање вето за приемот на Македонија во НАТО ( и ЕУ) бидејќи нема шанса за тоа затоа што ние самите сме си ставиле толку “вета“ во однос на (не)спроведување на реформите,политичката (не)култура -дијалог, што Грција ќе се “изначека“ за можност да стави вето .
* * *
Како “ гест на добра волја“ од наша страна , а наспроти грчкото изживување над македонските граѓани за издавање визи, грчките граѓани ќе можат да влезат кај нас со лична карта.Макар што ова повеќе личи на она за “македонска кубура за зло време“ ,лошо е што не ја искористивме оваа можност пред и директно во лице на ЕУ ,да понудиме првично селективен пристап со лични карти како понуда до Грција ,а со помош на ЕУ која ете гледа ,за либерализација на визниот режим.Па, Грција да биде таа што “одлучува“ (пред ЕУ) дали е за добри односи со Македонија.
* * *
Грција настојчиво се труди да го издигне спорот со името со Македонија на ниво на услов за евроинтегрирање на Македонија.Да сме малку (по)паметни би направиле тоа да биде “спуштање“ на нивото на Грција бидејќи Грција не ги исполнува условите за членство во ЕУ со непочитување на меѓународните конвенции за човекови и малцински права во однос на македонското население за кое што постојат и судски пресуди од страна на судот во Стразбур.
* * *
И после откритието на историските документи и факти за спроведениот грчки попис 192о год. со кое е признат македонскиот јазик како јазик што го зборуваат грчки државјани “Македонци“ , нашето МНР си молчи наместо да одговори на зачестените напади од Грција дека Македонија ја крши привремената спогодба. А, всушност, Грција е таа што ја крши спогодбата ( а така се однесува со децении) со криење и уништување на историски документи и факти за постоење на македонското население во Грција и неговото признавање од страна на Грција со пописите.
_________________________________________________________________________________________________________________________________________________