30.07.07 - 22:45 Приоритети

П Р И О Р И Т Е Т И




___________________________________________________________________________________________________________________________________________________

30.07.07 - 20:30 ОТВОРЕНИ ВРАТИ .....

ОТВОРЕНИ ВРАТИ - ЗАТВОРЕН ВЛЕЗ


Насекаде ни кажуваат за отворени врати, ама влезот некако ни е затворен !?

х х х

(Не само) Во жаргон сме “дива лига”. И, чудно, со секој донесен нов закон стануваме уште “подива лига”.

х х х

И покрај конкретните најави за борба против “октоподите”, според практичните активности испаѓа како да сме национален парк за “октоподи” !?

х х х

Според изнесените податоци и п(р)ојави во средствата за јавно информирање, грижливо чуваните досиеја за јавните набавки не е препорачливо да се отвараат - не би било еколошки.

х х х

Однесувањето на институциите на системот е такво како граѓанинот да е туѓо тело.

х х х

Некои се прашуваат зошто разни споменувани кривични пријави против одредени лица се чуваат во фиока?
Море, бидете среќни што уште и се “чуваат” !

__________________________________________________________________________________________________________________________________________________________