26.07.07 - 13:35 “ И С Т Р А Ж У В А Њ А“

И С Т Р А Ж У В А Њ А


Ч
итам во весник, за спроведено научно истражување дека спиењето од 7 часа е оптимумот за човек да се чувствува добро. Ем, наспан, ем одморен ,ем волен за работа ( ако ја има, а, ако ја нема како повеќето од народецов , а ? )
Значи, легнување во пристојно време,станување рано. Лежењето повеќе(подолго) или подобро речено ленчарењето што ни е својствено, било нездраво, лошо влијае на човека и сл. Исто и подолгото спиење и лежење за време викендите не му “пишува” добро на лежачот.
Значи , биолошкиот сат навиен на 7 часа спиење и како нов си.
Прочитано и веднаш применето.
Арно ама, при спиење, на сон, при
средба со една од цаканите видена на фото од списанијата, онака “жива”, ѓаволеста, ех, ме штрецна нешто “доле”. Цанава ми бега, кога гледам, мојава поубава , посекси половина ( или нешто повеќе) буричка со раката доле , истражува, претурајќи како да е на пазар. А, изборот е тој , што дала природа( А и на “пазар” да е, не ќе може да пребарува дотолку ако нема со што да плати - затоа и се “паднало” што и се “паднало“ )
Нормална ствар , реакција се јавува , мислам вертикална , пропратена со некои
мотивации на жена ми. Фрлам поглед на сат , само 5 саати спиење, значи, нормата е потфрлена што не би било добро за мене, според научното истражување. Женава се врцка, ама наукава децидна - 7 саати сон.
- Малиов е спремен , а ти
?- шепоти милно жена ми.
- Време е за спиење - велам јас , но онака не доволно убедливо - знаеш дека треба 7 саати спиење, сон,а не вака да се прекинува спиењето
- Тоа се петпарачки работи - шепоти таа натаму, а “доле” мајсторува. Сексот - шепоти таа натаму - е најсладок вака опуштено - тоа е научно докажано - вели - сум читала за тоа.
- Тоа мора да е во некое женско списание - велам јас - си тераат работа на своја воденица , за свој кеиф --
- . . . . а после и послатко и поцврсто се спие - продолжува жена ми.
- . . . не пишуваше така - како да се присеќавам јас.
- .. скратиле вероватно, заради просторот - упорна е жена ми и на збор и на дело, мислам . . . .а , и чувствувам дека нема да се биде јунак до крај да се држам до теоријава за спиењето.
- Како и да е , ти лежи мирен , јас . . . . . - шепоти жена ми и . .
така “работе“. . . е е е е оо ооооооо( штоо знае жена (ми) за научна теорија ).
Или сум пропуштил да прочитам и за некоја друга теза ?
Ќе мора да проверам да не има некое писание интегрално за резултати од повеќе истражувања од оваа проблематика, за да не читам вака парцијално и да бидам во заблуда и да се рушат тие теории , што се вели , преку ноќ .

_________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________