27.08.07 - 19:20 * (И) С П У Ш Т А Њ А



***
Нема граница во игрите со границите на Македонија .

*** Меѓународната заедница ни ја признава кооперативноста кога сме ( и ) послушни.

*** Сонцето на македонското знаме на некои им изгледа како “дупка” , па не “дупат”.

*** Што ќе ни се други непријатели , кога ние сме си доволно самите против себе.

*** И покрај толку многу опции , не “опнаа”.
___________________________________________________________________________________________________________________________________________________

27.08.07 - 13:25 О Д М И С Л У В А Њ А

*** Се фалиме со евроориентацијата, ама користиме балкански “ориентири“ .

*** Ако корупцијата ни влегла на голема врата, тешко дека ќе ја истераме на “мала “ врата.

*** Голем шверц не се прави без “големци” луѓе .

*** Не е толку проблем организираниот криминал колку неорганизираноста на државата да се справи со тоа.

*** Капацитетот на можностите ни е ограничен, ама и тоа се користи максимално за лични интереси .
__________________________________________________________________________________________________________________________