11.08.07 - 16:00 Безсрамни пирати

Медиумите и новинарите - безсрамни пирати !


Во “Време“ број од 11-12.08.07 , на половина страна се презнтирани факсимили од учебник по географија,од грчко издание на атлас на Европа и од третиот том на илустрираната детска енциклопедија печатени во Грција (1977 г.), каде што на топографски карти на територијата на Македонија јасно стои и називот “МАКЕДОНИЈА“.

И се’ би било во ред и би било дури како пофално за редакцијата што се погрижила да дојде до вакви податоци што ги “тепаат“ Грците ,ако не “заборавиле“ еден факт:

сиот овој матерјал е преземен изворно од порталот “Кајгана“ од макблогосферата и тоа безсрамно не е наведено .

Зар толку ќе ги заболеше суетата ако го навеле изворот од каде што тие ете го добиле, пардон ГО УКРАЛЕ на готово матерјалот ( и идејата), ако ништо друго и барем како колегијален гест на признание за трудот на некој поединец (знаат и самите како е тешко да се дојде до податоци) или нив баш ги заболе нешто друго ??

_______________________________________________________________________________________________________________________

11.08.07 - 14:00 ИСКУСЕН ПРИТВОР

Со колкава леснотија се одредува мерката притвор кај нас,а богами и траењето на оваа мерка му е бабачка,не чуди ами загрижува дека веќе е одомаќено мислењето дека притворот е веќе казна за осумничените, без судска постапка и судска пресуда, што претставаува грубо кршење на човековите права и газење на постулатите на правна држава . Ако на ова се додадат и на големо прикажаните “ услови“ за живот(арење) во истражниот затвор во Шутка не само од паталците што минале низ овој “круг“,тогаш изгледа дека оваа “мерка“ е “намерачена“ како (сурова) казна.

Што рекол народецов,стап по туѓ грб не боли.

Елем,во една од западниве земји,своевремено еден млад судија ,веднаш по своето назначување , си одредил себе си неколку дена затвор онака како да се запознае што е тоа .Колегиве го одвраќале ,како е тоа смешно и глупо да се “казнува“ себе си ,дека не е добро за еснафот тоа кога ќе чујат медиумите итн.

Неговото објаснување било: со кое право и како да одредам мерка притвор и казна затвор за некого ако незнам што значи и еден ден во затвор за да го имам “аршинот“ за одредување на тежината на казната.

Е, ама тоа е “таму“.

Е,сега да се очекува вакво нешто кај нас самоиницијативно од лицата што носат судијска тога е повеќе од илузорно, па затоа би требало како “педагошка“ мерка, како дел од практичното одвивање на приправничкиот стаж , да им се одредува мерка притвор по некој ден на тие што “многу љубат“ да бидат судии за да го запознаат “аршинот“ за одредување казна.

И тоа може да се одвива и потоа циклусно во тек на судијскиот стаж бидејќи кај нас тоа е така :далеку од очи ( и од своја кожа) далеку од срцето ( и паметот).
______________________________________________________________________________________________________________________________________________