21.08.07 - 22:25 МАКЕДОНИЈО ,ЈА БИВА ЛИ РАБОТАВА?

===========================================================================================================

Случајот со пратеничката Куновска која од НСДП премина во ВМРО ДПМНЕ ( според сите трансфер финансиско-матерјални стандарди), го потврдува веќе познатото:
Народен пратеник - партиски платеник!
***

Долго-мачната седница на собранието околу “случајот Бучковски“ заврши со очекуваното симнување на имунитетот на Бучковски од страна на пратениците од владеачкото мнозинство.
Со оглед на сето тоа што се случуваше во однос на овој случај, по ваквата завршница, јасно е дека :

- имунитетот на собранието како законодавен дом е нарушен од партиско-политички вирус(и)

- во услови кога и судската истражна постапка била завршена, се поставува прашање за оправданоста на одземање имунитет на Бучковски (кога веќе биле применети други мерки на ограничување на слободата на движење), и јасно е дека е потребна посебна “истрага“ во собранието за целава “драмолетка- сплетка“.
***

На собраниската седница,пратеникот Ѓорчев занесено ги “информира“ колегите дека притворените во “тенковскиот случај“ веќе “пропеале“ и признале се’. (!!???)
И несвесно, Ѓорчев “пропеа“ (море испеа на цел глас)дека постои постојан и јак партиски линк со државни институции - судството, кое нели, е “независно“ - и дека се’ се одвива по однапред подготвено сценарио.
Да одбиете на младото -будалесто, ајде , ама ако одбиете на се’ , влегуваме во “сценариото“ и нема после -“не бевме во собранието“.
***

Опозицијата обвинува дека 15 милиони долари од вкупните 30 милиони од продажбата на ОКТА “легнале“ на приватни сметки.(!?)
Е,сега, ако е до “легнување“,после се’,јасно е дека сме “(НА)ЛЕГНАТИ“ сите ние и (наспроти вообичаениот “пазар“ за “легнување“) за тоа добро ќе плаќаме