(НЕ)СЕЛЕКТИВНИ ПАРАЛЕЛИ


            НЕПЛАШЛИВИ ОБВИНИТЕЛИ -

               ПРОТЕКЛИВИ НОГАВИЦИ


(практичен дел)

ИДИОТСКИОТ ДЕМНАЧ-ШТИТЕНИК НА ЈОВЕСКИ – СО НОВА ЗАКАНА

 

 



      Обзнанувањето од заплашениот Јовески заради писмените закани до него (од Битола, со препорачана пратка лично предадена на пошта (??)- па,тој да бил од Скопје изгледа и директно ќе ги предал во архива на ЈО) предизвика халабука во јавноста.

    Па, во таа возбуденост на нестрашливите обвинители, се открива дека тој предмет -истрага за кое се однесувала заканата, бил прекинат уште во декември (значи добро “информирана“ “терористичка“ организација).

    Патем,како прашање : дали тие стручњаци во обвинителство знаат добро да проценат “матерјал“ пред да започнат истрага или тоа се прави “блиц криг“, само ,да речеме , за заплашување?

     Па,како гарнир на ова, се јавува и г-ѓа Руска со информација дека и нејзе и се заканувале доколку не ги “осуди„ Заеви (??).Не сум толку стручен , ама сеуште ,барем званично, обвинителстото не суди-значи,пак станува збор за “добро“ “информирани“ “терористи“ кои си бараат “внимание“,

      Цела “фешта“ околу јакиот “интегритет“ на ЈО со силни изјави – просто ја “уништија“ корупцијата и криминалот .

     Па, се јавува здружението на обвинители со храбри изјави ( кога се состанаа - или тоа поедници .....што, што велиш?, ...“једна мала група....“ ,ха...):

.... Јавното обвинителство, како институција со интегритет и сила, се бори против сите облици на криминалитет и оти во извршувањето на функцијата на кривично гонење на сторителите на кривични дела никој и со никакви средства не може да го спречи Јавното обвинителство ниту, пак, да го поколеба во неговите надлежности“.

    Е, сега реалноста ....пушти сега тоа...ама,меѓу другото,имате криминална спогодба со осуденик предизвукувач на сообраќајка со смртни последици и други повредени- за условна казна.

   Што бил адутот на осуденикот-кривец : „Ќе отворам уста“ а,??

    И, на целата револт-реакција на јавноста тогаш ,чудно,ова здружение на обвинители не се јави за заштита на“интегритетот“ на обвинителите.

   Молк,......пссссст!

     И фатени се “опасните“ заканувачи - одреден им е притвор .

    Решен проблем .

    Ќе добијат едно неселективно удирање ,пардон,“убедување“ - наместо да им се обезбеди прво психијатриски третман да се види за какви “опасни терористи“ станува збор со оглед на нивната “информираност“и начин на (јавно) делување. Да не биде после,“терористиве “ се болни“ во “глава“, па не може да им се суди! ?

     А,бе,народец ко народец ,иако го сметаат за глуп,ама е и добро прониклив ,па за разни ситуации има и соодветни изрази, како на пр. “плачи-пичка“.

    А, баш ме интересира што прави, да речеме, Јовески кога добива и снимки за   закани кон други -(меѓу другото за колење ,напади и др.вербални закани),и тоа дадено и преку министер за “правда“?

    Па, што да прави? Со “интегритетот“ ,ништо или поточно ќе го игнорира тоа и ги поттикнува на нови закани и други злодејствија.

     И еве , од идиотскиот демнач -штитеникот на обвинителството со“интегритет“ ,нова закана на 5.02.22 -сега и под покровителсто на нар.правобранител кој со“интегритет“ води постапка на криминален начин информирајќи ги фамилијава психопати-чиј член е демначов , за тоа што прави и ги поттикнува на злодејствија.

     Иначе,последен пат,со иста ваква закана од истиот идиотски демнач е пред околу 6 месеци -тогаш под покровителство на корумпираната комисија за дискриминација-лажливата Бендевска.


Бонус:



Внимавајте, видеото  е “невидливо“ .... за обвинителстото (Јовески) со “интегритет“ како и за нар.правобранител, наводната антикорупциска комисија, комисијата за дискриминација ,...

Се разбира, сите со “интегритет“.

 

        Елем, во овој период починува осуденик ( од случајот „Алфа“) кој наводно очекувал повторено судење за истиот случај.Освен хвалоспевите за него од учесници во власта од албанската заедница ,се јавува и Села кој :

Како и секој Албанец во оваа држава, се чувствувам згрозен и длабоко револтиран од веста за смртта на Реџаил Ќерими, кој повеќе од една деценија беше држен во затворот Идризова, неправедно осуден во случајот „Алфа“.

     И, уште вели:

-дека тоа е “резултат на „неправдата и дискриминацијата од страна на овој систем заробен од криминал и корупција“

- дека “„Алфа" е политички случај , во кој тројца невини лица, без никакви материјални докази, беа осудени на доживотен затвор“....... „Како резултат на тоа, случајот нема вистински епилог и Албанците повторно се сведоци на селективната правда, инсталирана со години од страна на заробената држава, која Албанецот го претвори во дежурен виновник“.

- Ова “ уште еднаш потсетува на пропаста на владеењето на правото и на итната потреба да се обезбеди независно, ефикасно и правично судство. Тоа ќе може да се постигне само преку судски ветинг, со елиминирање на политичките интервенции, блокбастерските, неетички и често пати коруптивните однесувања на судиите и обвинителите

Па, па,па !!

И МОЛК !!

Како се оценува ова? Клевета, закана???

Сите овие повикани ги нема!!!

Сите овие со “интегритет“ ни да зуцнат..

Ни ,обвинителство, ни здружение на обвинители,ни судство, ни здружение на судии (има такво?) ни ....

За она што се нарекува “новинарство “и да не зборувам.

А, да речеше типов “отворено“ дека има уште магацин со опрема и чизми на таван (или подрум) ќе се јавеше некој ??

И бидна протест,демонстрации !!

И ??

------


---------------------------------------------------------------------------------