1.08.07 - 19:20 Додека политиката ....

ДОДЕКА ПОЛИТИКАТА ПОБЕДУВА - ПРАВОТО ГУБИ !

Додека има (само)фалење на власта за “политиката што победува ....”, тешко на правото и законитоста.
х х х

Не’ убедуваат дека транзицијата си има цена: - и се’ повеќе ја има цената отколку транзицијата.
х х х

Куповната моќ и моралот на Македончето се дојдени дотаму што да му понудиш производ и бесплатно тој ке ти бара да му платиш.
х х х
Меѓународен тим научници докажал дека човекот не потекнува од неандерталецот. Е, значи, цело време неправедно сме го “окривувале” неандертал
eцот.
х х х

Со нешто повеќе од “скопско” - и се’ е можно !

_______________________________________________________________________________________________________________________________________

1.08.07 - 13:30 Пресумција . . . . . .

Пресумција на невиност ( без заштита)

Владиниот портпарол Боцевски одговара на приговорите на опозицијата и експертите за апсењата “ . . .дека во Македонија има само еден голем шок. Шок дека конечно се апси,дека правдата конечно тропа на врата и дека почнало да се разбива врзаното оро меѓу политиката и бизнисот ....“ (!?)

- Е , сега не е проблем што се апси туку како се апси и тоа со “диригирање“ (манипулирање) со медиумите директно од страна на МВР ( која е маша пак на други ).

- И тешко нам ако правдата се сведува главно на полициско тропање на врата и ставање лисици ( и тоа под медијски рефлектори)заради “уметнички дојам“.

- И кога веќе се “разива тоа оро меѓу политиката и бизнисот“, идеално време е значи сега владеачките партии да дадат пример и да си ги покажат целосно сметките за нивното финансирање и особено давање комплетни извештаи за изборното финансирање што не е сторено досега за кое што и ДЗР има ставено забелешки.

Или , би било преголем шок за земјава да се случи се’ како што налага Законот,а не според “законот на посилниот“ !?

________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________