14.08.07 - 16:20 ПРВО В И Ц........

ПРВО В И Ц , ПОТОА “КОМУ ИДЕ“


Не верувам дека има некој рамнодушен кон пречестите настрвени партиски прес конференции.За секој нормален човек , а не партиски запаленко,тие се иритирачки,глупави ,навредувачки.

И колку човек да ги игнорира ,не може да се избегнат ( не помага тука “исклучи го копчето“ ) ниту пак, да се избришат од јавната сцена- изгледа дека се и основниот начин на партиско делување.

А, несфатливо е како партиите не се (или се?) свесни дека со таквиот однос на прес конференциите прават не само прекршок туку прават и кривични дела - од нарушување јавен ред и мир, па до поттикнување на нетолеранција и сукоби на политичка ,национална основа, море , делуваат против здравјето на луѓето и го нарушуваат и менталното здравје на нацијата .

Елем ,кога законот е “пробирлив“ или партииве се некако “’недопирливи“, би можело да се направи барем нешто, да се воведе некое обврзувачко правило за водење на прес конференциите , како гест на мал респект на партиите кон јавноста (хм ,има такво нешто ?)

Имено , секоја прес конференција би требало да започне со виц на своја (партиска) сметка и тоа:

- партиите од власт би требало да си кажат барем два вица на своја сметка , а потоа да следат “вицевите“ против опозицијата.

- опозициските партии - би требало да си кажат барем еден виц на своја сметка , а потоа следат “вицевите“ против власта.

И ако ништо друго би можело да биде интересен обидот на партиите да бидат “самокритични“ и би се направиле забавни овие партиски прес “мастурбирања“.

Па ,ќе пробаме ли ?

____________________________________________________________________________________________________________________________