==============================================================================================================================
По прозивката од СДСМ , се јавија од кабинетот на премиерот Груевски со факсимили од записници од седница на владата кога била расправата за договорот за ОКТА со кое “докажуваат“ дека тој не бил на седницата - значи ,не е одговорен за ништо во врска со договорот со ОКТА .(!?)
Иди бегај !
Ова ми наликува на договорот со ДУИ - “нема договор“ ; “ако има нешто, не е потпишано,значи не е договор“ ; па ,“не е тоа ,тоа“ , итн.
А,штосот е што договорот со ОКТА потоа со години бил ПРИСУТЕН во секојдневието на министерот за трговија и подоцна министер за финансии Груевски, и како и другите, и од ВМРО и од СДСМ, не мрднале ни со мал прст да се спречат негативните последици и да се поведе одговорност за штетниот договор.
***
По меѓусебните обвинувања околу случајот ОКТА , Трајанов се правда дека како министер за внатрешни работи во тоа време не стигнал да го прочита договорот. (!??)
Ако и не прочитал,доволно се изнаслушал и во собранието и во јавноста за штетноста на договорот , а како полицаец бр.1 имал прилики и не само да чуе и по други канали за “подмачкувањата“ што биле неопходни да помине ваков штетен договор и не презел ништо или чекал некој да му каже што треба да прави ?
***
И по најновиот случај ОКТА и плаќањето оштета од околу 50 мил.евра , по однесувањето на политичките субјекти - напаѓањата и себеоправдувањата- не верувам дека ќе извлечеме барем поука од ова.
Каков “кадар“ имаме и натаму од избор на “трите“ ќе го повлечат (на наша штета)“подолгото“.
***
Со поставувањето на нов директор на МЕПСО ,се протна информација дека обој бил во роднинска врска со Грујо.
Па, добро,бе мајка му,толку ли сме мала земја што секој новопоставен “кадар“ мора да биде роднина !?
***
Своевремено ,член на Меѓународната кризна група јавно ,во лице на Георгиевски ,му скреса дека само идиот може да потпише ваков штетен договор( за Окта ) .
Е,сега, од имотната состојба на Љ.Г. јасно е дека добро си го наплатил “идиотизмот“, а со досудената оштета што треба да ја плати Македонија , најјасно е дека идиоти сме си всушност ние сите што ќе мора да плаќаме за туѓ “идиотизам“ .