========================================================================================================================================
СООЧЕТЕ СЕ СО
М А К Е Д О Н И Ј А !
И по најновото п(е)рчење на претстедателот на државата и премиерот за тоа ако се сретнат каде да се сретнат итн.ја повторуваат веќе искажаната констатација -критика дека тие и не знаат што е тоа политички дијалог, а уште помалку кохабитација.
Со ваквото нивно однесување (море,занесување) можат само да ги испровоцираат претставниците на меѓународната заедница да ги “повикаат“ на “информативен разговор“ , па да ја срозуваат земјава уште подоле ( може ли подоле од ова ?).
Е ,за да не испадне и ова дека на блогот може само да се прави паметен кој год стигне и да се кажува се’ и сешто ( во стилот на двајцава гореспоменати) еве конкретен предлог:
За да нема повеќе повлечи-потегни каде да се сретнат ,кој прв ќе дојде на средбата,па кој прв ќе пружи рака на средбата, па кој што ќе пие и сл. , еве предлог да се сретнат двајцава , а да не дојдат во директен контакт и да не иде едниот кај другиот кога толку тоа им паѓа тешко што и на Македонија и се “слошува“ :
ИНТЕРНЕТ ВРСКА
(и тоа за почеток , додека не им се воспостави директен видео линк , по урнек на ваквите врски со државниците меѓу одредени земји , а овие двајцава се однесуваат така како да се од различни држави ) и двајцава ,конечно ,да се договорат за неколку работи.
Редоследот на “домаќин“ на средбата ќе биде наизменичен ,двајцава ќе постават теми за разговор , па потоа планираниот “домаќин“ се јавува за средба.
Не дај боже сега владиниот портпарол или од кабинетот на претседателот драматично да изјавуваат дека :“ПОРАКАТА Е ПРИМЕНА“ (“ ... и ќе продолжиме поодлучно .....“ ).
Белким , може да сфатат дека континуираниот контакт е потреба за нормално функционирање на институциите што ги претставуваат за доброто на Македонија.
_______________________________________________________________________________________________________________________________