12.10.07 - 17:05 (НЕ) СЕРИОЗНОСТ


-- Кај нас единствено сериозни размери достигнува несериозноста

-- Додека животниот стандард постојано ни опага , власта и другите партии се потресуваат за опагачките трендови на својот рејтинг.

-- Сума сумарум , секоја власт постојано не минусира .

-- На широк митинг се заведува масата за она што е договорено во тесен круг.

-- Кога власта си собира “кајмак” за себе,фира ни оди државата.

- - Народецот може да прими шега на своја сметка , ама изгледа многумина се шегачат за свое конто на сметка на народецот.
_______________________________________________________________________________________________________________________________