14.11.07 - НА СОБРАНИ(Е)


И последните случувања - со работата на Анкетната комисија за утврдување одговорност за тепачките во Собранието( а особено околу тоа ) покажаа дека партизацијата е толкава што вистината и сама би побегнала ( а не само да биде истерана од пратениците) од таквото неодговорно однесување на пратенците.


Се покажа или поточно речено се потврди дека интересите на пратениците и партиите или поточно, на партиските врхушки се над се’ - и иако народни избраници , ама никако и народни претставници зашто тука се претставуваат самите себе за остварување на своите лични и партиски интереси(дури и на штета на државните ,националните интереси).


Истовремено, отфрлањето на интерпелацијата за заменик мнистерот за внатрешни работи Елмази за жал потврдува дека и самото министерство не е заштитник на законот туку заштитник на насилници кои за жал се и на одговорни места во министерството.


Партиските интереси
во коалициата се
над се’, и над законот . Алчноста за власт е приоритетна , а тоа и најотворено ,ултимативно и е кажано
од ДПА - и иште еднаш ВМРО-ДПМНЕ западнаа во замка на заложник на партиите на Албанците.



И ако е така во собранитео и владата ,зошто да не биде и во третата власт и во другите сфери во општетсвото !?

И ,дали некој споменува реформи и извештај на ЕУ ?

И, после се’,се има образ да се прашува постојано: а,датум за преговори???