22.12.07 - 16,50 - ( НЕ ) ПОСЛУШНА ВЛАСТ

Овој текст беше поставен во мај месец оваа година и колку од ова е “послушано“ можете и сами да си заклучите .

* * *

НЕТАКС(ИР)АН АБЕР ДО ВЛАСТА

*Не заборавајте: народот гласаше за смена на власта, а не за проста замена.

*Не се занесувајте : добивте само власт, народот ќе го “добиете” само со дела.

*Немојте да испадне: избрани, па заборавливи.

*Не ширете ги ветувањата , направете ги дела .

*Правна држава не се гради на ( и со ) митинзи и прес конференции.

*Се додека законитоста ни е болна страна, државата ќе ни биде нездрава.

*Се додека партискиот став е ЗАКОН ќе имаме проблем со законитоста.

*Системот од институции на системот треба да биде правна траса, а не лавиринт.

*Демократските процеси не се градат само со еден случај, ама може да се нарушат и само со еден случај - инцидент.

*Слухот за народот нека не ви биде како низ иглени уши.

*За јавноста може да се биде и недопирлив, ама за законот не.

*Транспарентноста нека се огледа во текот на процесот на работата, а не после, по лошите последици .

*Сите досега велеа дека се прават само за Македонија, а Македонија резил направена .

*Пратениците се бирани за во парламент, а не за во разни управни одбори.

*Функцијата навистина обезбедува некои привилегии ама сигурно мегу нив не е и умноста и хуманоста

*Кога власта ќе ви навлезе во глава и душа, станувате бездушни.

*Со множење на привилегиите во власта, настапува делење од народот.

*Изместените работи кај нас нема да се наместат ако се “сместуваат “ нови “изместени” луге

*Со филозофијата “наш човек” и дотеравме само до оваа наша народна беда и трагедија.

*Коалицирањето може да биде компромис само со партиските интереси , никако со националните и државни интереси

*Една влада - еден премиер, а не секој коалиционен партнер да има свој “премиер”.

*Во работата имајте визија, ама бегајте од провизија.

*Корупцијата не се забележува само кога ја практикувате сами.

*Оставете ја дебатата дали сме само малку “трудни” со корупција туку да се справуваме со тоа толку колку ја има.

*Т. н.. мегународна заедница има своја улога кај нас; немојте нашата улога да ја сведете ( и натаму) на епизодна.

*Во односите со меѓународната заедница да бидеме токму подготвени, за да не бидеме стокмени.

*Во ( и од ) власта притисокот за заташкување на работите е секогаш посилен од притисокот за расчистување на работите.

*Не залажувајте го народот, ќе се излажете.

*Ако тоа ви помага, работете со мисла дека уште утре ќе има нови избори

*Првиот кабает во власта најлесно се прави во постизборната еуфорија; потоа се иде (по)лесно-кон изборниот пораз.

________________________________________________