По едновековното онеправдување на домородниот народ Абориџаните во Австралија, и по еднодецениско задржување- чување на предлогот за јавно извинување до Абориџаните за тие неправди кон нив, австралискиот парламент собрал трошка доблест и “пуштил душа“ да се извини до Абориџаните за “длабока болка,навреда и понижување“ ,што им се нанесени од политиката на минатите влади.
Дали со тоа се завршени неправдите кон етничките заедници во Австралија?
Тешко.
Дали Македонците во Австралија се новите Абориџани ?
Лабуристичката партија која е предводник за ова извинување до Абориџаните на своја сметка има и друга неправда , кон Македонците во Австралија - не само што ги прекрстуваат во славмакедонци туку се одбива и признавање на уставното име на Македонија ,(пра)татковината на Македонците во Австралија и тоа само под влијание на грчкото лоби кое плаќа дебело ( не само )на партиска сметка и со гласови на изборите.
Барањата на Македонвите во Австралија за нивното право на именување како МАКЕДОНЦИ и за признавање на уставното име на Република Македонија наидуваат на глуви уши на австралискте централни власти.
Дали и овие барања на Македонците ќе мора да “одлежат“ во фиоките на политичката -партиска бирократија како и за Абориџаните , додека не им “текне“ да им се извинат на Македонците?
Зошто австралиските власти не извлечат поука од нивниот однос кон Абориџаните, па да ја “сторат“ правдата и кон Македонците во Австралија кои се нејзини лојални граѓани- државјани и им следат тие права што ги бараат?
__________________________________________________________________________________________________________