По започнувањето на “танцот на цените“ на некои прехранбени производи што владата од прво го оцени како “светски тренд“ ( а ние душа даваме за следење “трендови“) и по критиките од опозицијата дека владата не прави ништо за опаѓачкиот тренд на стандардот на граѓаните, владата како да се тргна малку од трендовското гледање на работите ,па реши по пример на Хрватска и др. земји, да поработи малку на ова, па формира комитет за следење на цените како и отпочнување преговори со производителите и трговците( a, овие веќе одговориле негативно ) за поефтинување на некои производи како маслото за јадење, лебот, млекото.
Е ,сега не навлегувајќи што се’ ќе направи владата и опозицијата - граѓаните ќе си го тргаат теретот на било кој начин - да не бидам и јас во тој “тренд“ на блаботење и (празно)преговарање да “фатам“ некој рејтинг би “уфрлил“ на еден предлог:
Имено, уште пред некоја година кога беше слична ситуација со маслото за јадњење, па масларите почнаа да “играат“ и со амбалажата - ја намалуваа да бидат цените поиздржливи при поединечно купување, на масларите им дадов предлог да го надминат постојното соперништво да не речам и непријателство и да се здружат при набавка на амбалажата ( а и суровините, сирово масло и др.) така што со поголема количина ќе можат да остварат франшиза - помала цена.
Исто така, да не се намалува амбалажата туку да се зголеми на 1,250 или 1,300 л така што би се заштедила четврта или петта флаша , па граѓаните нема да купуваат 4 флаши ( ако месечната просечна потрошувачка е околу 4 л ) туку би купиле 3 флаши , па би се заштедило и за цената за една амбалажа и во една трговска маржа и ДДВ.А, масларите би оствариле и заштеди во транспортот, пакувањето на флашите, транспортот внатре во фирмата и др.
Ама, “ ти нам .... , ха “ !?
“ Што има ти да даваш некој предлог и што имаш ти од тоа “! ? ( ????????)
И, нормално ништо од тоа.
Незнам дали е и тоа “светски тренд“, наш сигурно е , ама нешто од ова може и сега да се оствари наместо да има некои празни преговарања за да се покаже - ете, правиме нешто, ама овие трендови се појаки “
Или и за владата важи “ ти нам ....“ !?( а, богами, и ако не си од наша партија“!)
_______________________________________________________________________________________________________________________________________________________________