25.03.2010 - 23:30 - EU menace


____________________________________________________________________________________

24.03.2010 - 16.05 - ВЛАДИНА МАТКАНИЦА (контра 150 000 вработувања)



Првата мисла за наслов беше “владина математика“, ама кога заредија и премиерот ( http://ereporter.com.mk/mk-mk/Details.aspx?Title=5358 ) и министерот со од ракав стокмени бројки да го правдаат нивниот императорски проект “Скопје 2014“ , оправдано се претвори во “ВЛАДИНА МАТКАНИЦА“.

Значи, станува збор за тајно подготвениот, а шок-транспарентно објавениот владин(БМРО-ДПМНЕ) проект “Скопје 2014“ ( а по премиерот и 2016,2018, итн. ) којшто го претставуваат како градителски проект што ќе помогне и за економски развој на земјата.Во тој поглед истапуваат со изјави за големо ангажирање на градежната оператива со околу 10 000 градежници , па со бројот на членови на нивните семејства, и други на збор ангажмани и ете ти резултати и развој…… и сето тоа, според нив, за околу 80 милиони( според опозиција- 200 милиони) евра инвестиции. А, бе,ајде!

Нема да навлегувам ни во содржината на самиот „проект“ ни во нивните бројки ни во мешаницата за дебата за сето тоа туку ќе ви укажам на оваа можност :

“Струја од тутун за 150.000 нови вработувања“

(http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=122891046565&id=9&setIzdanie=2873)

(и сето тоа за само 1,6 милиони евра инвестиција!!????)

Пазите, не да инвестирате 80 милиони (или 200 милиони) туку само 1,6 милиони евра и да добиете профит дури и од 80 милиони (или 200 милиони) евра и тоа секоја година!!!
Која варијанта е подобра и кој е за која варијанта!???

Ако го прочитавте текстот, гледате дека за ова знаат и претседателот и премиерот и како ете тие покажале интерес за овој проект, а што прават да биде спроведен во дело!?

А, очигледно е дека ова би било тоа што обезбедува и вистинско вработување и вистински пари секоја година и тоа во десетици(стотици) милиони евра и што обезбедува вистински развој за цела Македонија.

Зошто се молчи за овој и слични проекти!??

Дали за тоа што не се владини мегаломании?

Или не обезбедува доволно “капацитет“ на власта за „слободно“ “менаџирање“ со капиталот!?

Или….?
_____________________________________________________________________________________________

23.03.2010 - 14:35 Greek SOS expectation


__________________________________________________________________________________________

22.03.2010 - 16;35 - Greek influence on EU


_____________________________________________________________________________________________________________

20.03.2010 - 23:30 PHARMACY-GLOBALIZATION


_______________________________________________________________________________________________________