2.07.2011 - 17:25 JUDICIAL LINKS



СУДИЈСКИ ВРСКИ

Се колебав дали да го постирам текстов зошто се си се одвива по она “…караванот си врви..“.А, од друга страна , пак, нека има факти и нека го следат караванот…
Како информација е веќе постаро,ама неодмана видов (2-3 сек, па сменив канал)интервју со оваа персона, па, велам пуштај го текстот.
Станува збор за поставувањето на судијката Николовска за судија на Уставниот суд на БИХ како надворешен член.

Госпоѓава се занесува како да е тоа “нормален след “ на работите за неа- значи експерт и само напред .
Факт е дека поставувањето за член на уставниот суд е по предлог на председателот на судот во Стразбург каде беше оваа Николовска судија.
Да потсетам дека по нејзиното враќање во Македонија имаше проблеми околу нејзин повторен избор во Врховниот уд на Македонија. Пречката се лоцираше во Маневски – неговото наводно противење за тоа. Е, сега ,кога се знае за поврзаноста на цинцарите и за “етичките и морални вредности“ на цинцарите, јасно е дека кога цинцар удира на цинцар тоа е врв( илипоточно -дно) на нивниот “морален“ потенцијал бидејќи си ги знаат “ вредностите“ и кој како напредувал, а напредувале(““) и двајцата во поранешниот систем.
Имаше интервенција и од претседастелот на судот од Стразбург но безуспешно. И сега предлогот на истиов за судија во уставен суд на Босна му доаѓа како инат-тонч за тоа што е игнориран овде и ете ќе им покажел дека е посилен и може да направи тој а да не биде спречен од овде ).ова на некој начин си го признава и Николовска во интервјуто.
Значи , мислата на судијката дека е ова некој нормален след на нејзината кариера не држи баш вода само след на други околности и врска.
Ќе испадне дека Европа нема некој (по)асален човек стручњак за меѓународно или уставно право па еве кадар за такво место.Иди бегај…
Елем,она што посебно ме поттикна за постов е тоа што имав прилика пред неколку години во едно друштво да чујам за “вредноста“ на оваа судијка и топтан и за други вакви судии(или “судии“) – (“метлари“-како што вели оној Грчев од судскиот совет).
Во парнична постапка која траела подолго време ,напрасно е вклучена и овва Николовска – како “случајно“ ,и тужениот бил цинцар – кој се служи со лаги и лажни сведоци,практично докажано во самата постапка ама сето тоа не вреди бидејќи планираното “судско уверување“ било друго и токму тогаш тужителот дава дополнување на тужбата со барање на времена мерка и забрана за изведување работи од страна на тужениот со што ја менувал фактичката состојба на објектот. И наместо да се излезе веднаш на лице место за утврдување на фактичката состојба тоа се прави после месец и половина (!??) кога и сета таа папазјанија била корумпирано обработена па тој записник од увид на лице место останал и непотпишан ,па со претходниот судија се продолжува во корумпирана завршница на постапката.И,“нормално“,тужениот како го добива спорот.
Е, сега видите – тужителот доставил барање за заштита на законитоста до републичко јавно обвинителство за кого сето тоа било “законито“ и кога истиот тој текст-барање бил доставен како кривична пријава до основно јавно обвинителство се прифаќа и после обработка и во истражна постапка – со што се потврдиле укажувањата за сторени кривични дела во тек на парничната постапка, започнала кривична постапка против тужениот и неговите сведоци во парничната постапка.( а за жал немало место и за судиите што биле фактички соучесници во сето тоа)
И ,како што се вели еднаш корумпирано,секогаш корумпирано. И тука после одреден период започнува копрумипирачката игра и започнуваат фалсификати (поттикнати -подржани од судијката(мислам Бојаџиевска се викааше) и со молк од страна на обвинителтсвото). Еден од обвинитите јавно на рочиште најавува дека оттогаш нема повеќе да се јавува на поканите и нити ќе ги примал и за чудо тоа се остварило. со години додека на го застариле предметот за него.( случајот за него бил одделен покасно)
Во првиот дел од таа “претстава“ првостепено тужениот(тогаш обвинет) бил осуден ама условно и после жалба уште една алка во тој корумпирачки ланец- судија во второтепен суд(се сеќавам добро за ова , била онаа Ингилизова која за жал е судија во Уставен суд на Македонија)- се укинува пресудата и се наложува стрикно како да се постапи со идиотски објаснувања својствени на корумпирана глуперда што и дете од осмолетка не би се осмелило да каже такви глупости.
Во текот на судењето оштетениот дал посебен приговор до судот и обвинителството (своевидна кривична пријава) во кој се посочува на сите пропусти во постапката и новите кривични дела -фалсификати)сторени во кривичната постапка.
Да не испадне сега дека е ова само рекла -кажала освен што видов црно на бело документи и пресуди ова било објавено и во “Фокус“ значи потврдена кривична пријава пар ексаланс.
И од сето тоа,како и обично бидува, ништо – МОЛК.
Иначе,човеков доставувал ургенции кај сите јавни обвинители кога се поставувани со години и сето тоа си останувало без одговор-молк.
(Не е на одмет на потсетам дека овој Маневски е цело време во обвинителството, значи цел период работел на “историски реформи “ во правосудството)

Пред фактите и боговите молчат особено овие овоземските кога ќе бидат фатени со спупштени гаѓи.
А, да , правдата е сепак достижна(дали?) (како велат, ама, изгледа како фарса), па наместо во апс оваа судијка од кривичната постапка ( Бојаџиевска) е покасно разрешена заради несовесно работење во предметот “Баци“ со уште други двајца( едниот председател на судот- иначе карикатура не само од судија туку и онака како “човек“)

Е, сега што е ова со оваа Николовска?Па, како што се вели “животот пишува романи“ или пак мести заебани ситуации , и така нешто покасно овој предмет се наога пред судот во Стразбур кога оваа Николовска е веќе судија таму. Бидејќи оваа добро знае за што станува збор му се бара на човеков( иначе тој бил веќе законски наследник на неговиот родител кој починал)што повеќе матерјал од парничната постапка иако предметопт сеоднесувал на кривичната постапка за да види колку знае за сето тоа- колку е таа вмешана. И,нормално таа не си бара изземање од овој предмет – за што не само има она што се вели “конфликт на интереси“ туку е и најподло вмешана во корумпирачката игра во судската постапка што ја прави и недиостојна и за судија а камо ли тогаш и за судија во Стразбур. И предметот завршува со оцена дека е неддопуштен укажувајќи како и немало некое прекршување на човековите права. После тоа човеков дал докази за замешаноста на Нколовска во предметот и дека е во најмала раака неморално и неправедно таа да суди по овој предмет, имало објаснување дека за тоа ќе биде известен .
И нормално немало ништо од тоа.
Толку од принципиелноста и праведноста и правичноста на Стразбур.
Но,фактите се сепак ФАКТИ но за жал и остануваат обично задскриени од ваквите особи како Николовска кои ќе си ја верглаат својата приказна и како “кадар“и ќе си напредуваат.
А, кадарот со фактите останува во архива.
И ,после ,останува она дека правдата е (НЕ) достижна….

_______________________________________________________________________________________________________________