01 : 14 19.09.2015 ОТКРОВЕНИЕ ( REVELATION )



 Не взалудно се рекло -Сто глави, сто мислења“.Различитоста е неминовна и ако го негирате тоа со натурање на своето мислење и волја над други ,  само потврдувате дека сте “поразлични“ од другите и токму таа “различност“ ќе ве удри како бумеранг- кога ,тогаш.По природа на нештата ,власта е секогаш во позиција да го диктира мислењето за себе дека е успешна.Се‘ она што е спротивно на тоа е анти... 

Така и нашава власт си има мислење и став дека е скоро непогрешива и можда, за малку, идеална. Во секој случај е со убедување дека е единствено можна ,бидејќи како што вели  “ ... ќе ги поразиме (сите) до колена...“.

Не се трпи ни различно мислење ,а камо ли пак критика или  хумористично-сатирична реакција на однесувањето и вредноста на власта.
И иако сегашнава ситуација  ,со разобличување на власта преку  опозициските “бомби“  ја тапи оштрицата на власта да  “сече“   во старт на појава на некое “анти“, јасно е дека не би им било сеедно да речеме   ( дали е воопшто е можно 

-дали смее?)да се објави нешто вакво :
И ова би било дочекано како “предавничко“ масло и би следела тужба за навреда со прилично мрсна сума за оштета (за водачот).
А ,во исто време  “експертите“ и “аналитичарите“ на власта додека се фалат како учеле од поразвиените демократски земји(особно околу  скандалот на прислишкувањето и содржините од тие снимки) би започнале харанга против вакво “предавничко“ дејание за да се одбрани и зачува ликот и делото на водачот.
Но,да не се  запалат овие предвреме да кажам дека е ова преработка ,а оргиналот е ова:




  За IQ на Буш  се шегачело на сите меридијани и барем досега немам слушнато дека имало некоја “строга“ реакција од страна на Буш за оваа карикатура, а да не зборувам за тужби или пак  обид (барем) “да му се удрат 3-4 шамари,онака ,јавно на авторот....“ (што би било во стилот на  водачот).
=================================================================================================================