“НЕМА НЕДОПИРЛИВИ - НЕМА ЗАШТИТЕНИ“ *

 

-----------------------------------------------------------------

                                        *(освен оние кои се изземени од тоа)

 

      Во собраниска расправа околу предлог кандидатте за заменици министри, пратеничката Силјанвска посочува дека:

Кога партијата ДУИ е во прашање.... за 20 години, помеѓу 20 и 30 луѓе постојано се менуваат на различни функции. Тоа значи огромна концентрација на моќ, и мора да размислиме дали е ова во ред. Ќе дадам еден еклатантен пример: министер за правда, па уставен судија, па народен правобранител, па јавен обвинител( наведувајќи го членот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети). Невозможно. Ренесансни личности нема.....“

     Ништо ново, само што и ќе си остане по старо и тоа и во криминални рамки.

     Колку и да има “пораки“ од граѓаните што партиите, како велат (обично за време на избори), “ги примиле и ги разбрале“ ,се* си останува на истото-партиски врвчиња да си одлучуваат по свое.

      Една од “пораките“ до Собранието – и партиите застапени во него е и поднесокот од  12.07.21 (којшто е наменет-доставен прво до сове тна ј.о.) во кој што е наведено токму и за незаменливиот И.Мемети ( а,богами ,има и за други “талентирани“ особи.). 

(А,што да се очекува од Собранието кога и сега на барање на уставен суд за избор на нови судии, собранието одговара дека не е воможност тоа да го стори заради внатрешни опструкции !!???)

(Отвори се земјо! - Имаш ковид сертификат?)

      Морам да наведам неколку делови од поднесокот заради согледување на таа поврзаност и самозаштита на криминални структури во институциите:


Јасно е дека никаква претставка не сум доставил за ојо (значи , лага е ).- сите поднесоци-пријави се всушност кривични пријави -со јасно обвинување -разобличување на Јовески и компанија-од ЈО како и наводнава антикорупциска комисија, инспекција-градски инспекторат,народен правобранител-водовод -и со вашето однесување за заташкување на предметот и советот на ј.о. се става на тапет- за злоупотреба на службена должност-положба и овластувања - и со јасни децидни наводи аргументирано со документи и видео снимки кои што не можеле да бидат на увид кај ојо- бидејќи се презентирани покасно-известувањата од водовод и народен правобранител стигнуваат во септември, а одговорот до нив и градски инспекторат е доставен на 22.10.19; пријавата до Јовески со јасни квалификативи за неговата несовеснот,неодговорност - и со овој поднесок-одговор, е доставено на 25.11.19.

И тој тоа го криел!!!

Значи, лага е дека сум доставил некаква претставка за ојо и уште поголема лага е за некои “...сите докази прибавени во наведениот предмет...“ се постапило законски. “....донесена правилна и законска одлука“ ( ?? )

Јасно е , ништо од ова погоре споменато не можело да има кај ојо ( и како тогаш без конкретен доказен матерјал можело да се утврди објективно фатичката состојба за да се донесе правилна и законска одлука ?? - само пријавата од 30.07.19 -(што документи им се доставени со пријавата??) и тоа без пријавата-ургенција од 12.08.19- како што е наведено во извстувањето од ојо од 13.01.20 (добиено на 24.01.20 ) и тоа дури после мојата пријава до наводнава антикорпциска комисија на 31.12.19“.

..............

Јасно ви е посочено дека , на сиот тој матерјал доставен до совет на ј.о. и дури по 4 месеци од првиот поднесок, со очигледна злонамера да се оддолговлекува и заташка предметот, не можевте да смислите нешто друго туку само да ја препишете “монтипајтонската “ пишуванка на тој Лазаревски од ЈО за кое што јасно е образложено во мојот одговор од 9.03.20 на тоа.

     Па, и ништо друго да не сте гледале-читале-ете ви го поднесокот -пријава од 25.11.19 до ЈО - Јовески (јасно е назначено )и да ви “текнеше“(кобожем не сте го информирале и сте во договор за сето ова ,а и со фамилијава психопати-дегенерици ) само да го прашате овој што станува со тој предмет и зошто го криел дотогаш (но, намерата била друга ,да се заташка предметот)-

И несвесно си ја покажувате во право светло вашата стручност, чесност,професионалност и законитост во постапката. ----и самите се ставате на тапет за одговорност.

Па,доволно јасно зборува и вашиот молк, меѓу другото, во криминалниот избор на екс народниот правобранител за член во советот на ј.о. при постоење јасни,точни наводи за кривични дела како народен правобранител во доставените мои поднесоци-пријави.- и сега и тој одлучува за пријавите и против него“.




 

----------------------------------------------------------

КАЖУВАЈТЕ МИ БАЈКИ: “ЗАКОНОТ ВАЖИ ЗА СИТЕ“!!!

ЗБОРУВАЈТЕ МИ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ!!!

 

---------------------------

И не заборавајте:

   

-------------------------------------------------------------------------------------

(НЕ)СЕЛЕКТИВНИ ПАРАЛЕЛИ


            НЕПЛАШЛИВИ ОБВИНИТЕЛИ -

               ПРОТЕКЛИВИ НОГАВИЦИ


(практичен дел)

ИДИОТСКИОТ ДЕМНАЧ-ШТИТЕНИК НА ЈОВЕСКИ – СО НОВА ЗАКАНА

 

 



      Обзнанувањето од заплашениот Јовески заради писмените закани до него (од Битола, со препорачана пратка лично предадена на пошта (??)- па,тој да бил од Скопје изгледа и директно ќе ги предал во архива на ЈО) предизвика халабука во јавноста.

    Па, во таа возбуденост на нестрашливите обвинители, се открива дека тој предмет -истрага за кое се однесувала заканата, бил прекинат уште во декември (значи добро “информирана“ “терористичка“ организација).

    Патем,како прашање : дали тие стручњаци во обвинителство знаат добро да проценат “матерјал“ пред да започнат истрага или тоа се прави “блиц криг“, само ,да речеме , за заплашување?

     Па,како гарнир на ова, се јавува и г-ѓа Руска со информација дека и нејзе и се заканувале доколку не ги “осуди„ Заеви (??).Не сум толку стручен , ама сеуште ,барем званично, обвинителстото не суди-значи,пак станува збор за “добро“ “информирани“ “терористи“ кои си бараат “внимание“,

      Цела “фешта“ околу јакиот “интегритет“ на ЈО со силни изјави – просто ја “уништија“ корупцијата и криминалот .

     Па, се јавува здружението на обвинители со храбри изјави ( кога се состанаа - или тоа поедници .....што, што велиш?, ...“једна мала група....“ ,ха...):

.... Јавното обвинителство, како институција со интегритет и сила, се бори против сите облици на криминалитет и оти во извршувањето на функцијата на кривично гонење на сторителите на кривични дела никој и со никакви средства не може да го спречи Јавното обвинителство ниту, пак, да го поколеба во неговите надлежности“.

    Е, сега реалноста ....пушти сега тоа...ама,меѓу другото,имате криминална спогодба со осуденик предизвукувач на сообраќајка со смртни последици и други повредени- за условна казна.

   Што бил адутот на осуденикот-кривец : „Ќе отворам уста“ а,??

    И, на целата револт-реакција на јавноста тогаш ,чудно,ова здружение на обвинители не се јави за заштита на“интегритетот“ на обвинителите.

   Молк,......пссссст!

     И фатени се “опасните“ заканувачи - одреден им е притвор .

    Решен проблем .

    Ќе добијат едно неселективно удирање ,пардон,“убедување“ - наместо да им се обезбеди прво психијатриски третман да се види за какви “опасни терористи“ станува збор со оглед на нивната “информираност“и начин на (јавно) делување. Да не биде после,“терористиве “ се болни“ во “глава“, па не може да им се суди! ?

     А,бе,народец ко народец ,иако го сметаат за глуп,ама е и добро прониклив ,па за разни ситуации има и соодветни изрази, како на пр. “плачи-пичка“.

    А, баш ме интересира што прави, да речеме, Јовески кога добива и снимки за   закани кон други -(меѓу другото за колење ,напади и др.вербални закани),и тоа дадено и преку министер за “правда“?

    Па, што да прави? Со “интегритетот“ ,ништо или поточно ќе го игнорира тоа и ги поттикнува на нови закани и други злодејствија.

     И еве , од идиотскиот демнач -штитеникот на обвинителството со“интегритет“ ,нова закана на 5.02.22 -сега и под покровителсто на нар.правобранител кој со“интегритет“ води постапка на криминален начин информирајќи ги фамилијава психопати-чиј член е демначов , за тоа што прави и ги поттикнува на злодејствија.

     Иначе,последен пат,со иста ваква закана од истиот идиотски демнач е пред околу 6 месеци -тогаш под покровителство на корумпираната комисија за дискриминација-лажливата Бендевска.


Бонус:



Внимавајте, видеото  е “невидливо“ .... за обвинителстото (Јовески) со “интегритет“ како и за нар.правобранител, наводната антикорупциска комисија, комисијата за дискриминација ,...

Се разбира, сите со “интегритет“.

 

        Елем, во овој период починува осуденик ( од случајот „Алфа“) кој наводно очекувал повторено судење за истиот случај.Освен хвалоспевите за него од учесници во власта од албанската заедница ,се јавува и Села кој :

Како и секој Албанец во оваа држава, се чувствувам згрозен и длабоко револтиран од веста за смртта на Реџаил Ќерими, кој повеќе од една деценија беше држен во затворот Идризова, неправедно осуден во случајот „Алфа“.

     И, уште вели:

-дека тоа е “резултат на „неправдата и дискриминацијата од страна на овој систем заробен од криминал и корупција“

- дека “„Алфа" е политички случај , во кој тројца невини лица, без никакви материјални докази, беа осудени на доживотен затвор“....... „Како резултат на тоа, случајот нема вистински епилог и Албанците повторно се сведоци на селективната правда, инсталирана со години од страна на заробената држава, која Албанецот го претвори во дежурен виновник“.

- Ова “ уште еднаш потсетува на пропаста на владеењето на правото и на итната потреба да се обезбеди независно, ефикасно и правично судство. Тоа ќе може да се постигне само преку судски ветинг, со елиминирање на политичките интервенции, блокбастерските, неетички и често пати коруптивните однесувања на судиите и обвинителите

Па, па,па !!

И МОЛК !!

Како се оценува ова? Клевета, закана???

Сите овие повикани ги нема!!!

Сите овие со “интегритет“ ни да зуцнат..

Ни ,обвинителство, ни здружение на обвинители,ни судство, ни здружение на судии (има такво?) ни ....

За она што се нарекува “новинарство “и да не зборувам.

А, да речеше типов “отворено“ дека има уште магацин со опрема и чизми на таван (или подрум) ќе се јавеше некој ??

И бидна протест,демонстрации !!

И ??

------


---------------------------------------------------------------------------------

ИНСТИТУЦИОНАЛЕН БЕДЕМ ПРОТИВ ВИСТИНАТА , ПРАВОТО(4)

 ИНСТИТУЦИОНАЛНАТА КОРУПЦИСКА ЛАГА - ДА БИДЕ  “ВИСТИНА“  

 

ФАЛЦ  БЕНДЕВСКА ВО АКЦИЈА -“ШИРИ ЛАГА“


       Од  новинска вест  дознавам за приемот на т.н. комисија за дискриминација  со се лажливата Бендевска кај претседателот Пендаровски , можам да видам дека фалц Бендевска е во некоја акција -“шири лага“ -си раскажува  за нејзиното,секако “успешно“, (не)законско работење.

       Не знам  колку е Пендаровски ,свесно или несвесно, (при)вклучен во оваа “акција“ ,но добро е да се истакне дека  лажливците за свое вјерују ја имаат максимата : ПОВТОРЕНАТА ЛАГА ДА (ЌЕ) СТАНЕ ВИСТИНА ,па, мора да излажат и други( кои слепо ќе им  поверуваат), што повеќе, тоа за нив подобро.

       А, во вакво болно општество (чудно,сега ми текна, од кога братијата не го  споменала  она “едно општество за сите“ , бидејќи се разоткри дека тоа е само: “едно општество за сите хохштаплери, пропалици, психопати, дегенерици“!!( другите АУТ )), лажењето и подлоста се сметаат за доблести.

        Сепак, лагата може да биде “вистина“ само за самата лага  која бега од фактите и доказите криејќи ги како да не постојат.


----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------