9.08.08 - 14:00 Invest in ........кампањи (1)

На почетокот, кампањата беше владин хит и заради веќе пословичната “транспaрентност“ на владата не дознавме колку од нашите пари отишле (каде?) за кампањата.
Се велеше дека само со 1% од инвестициите што ќе дојдат веднаш по камапањата ќе ги покријат трошоците за кампањата.
И ?

И, ...... ништо !
Изгледа светот не не’ разбира. Ќе да е тоа дело на опозицијата која непозитивно гледала ( а, можда и фрлила некоја магија ?) на камапањата!?


А, неодамна, претставници на обединетата македонска дијаспора, среде Скопје се изјаснија :

Иселениците би инвестирале само во средена Македонија


Нивни изјави се :

“Македонија итно да ги подобри административните процедури и да ги забрза судските процедури ако сака да ги привлече инвестициите од македонската дијаспора во САД“.......

“Голем дел иселеници во Австралија чекаат да се подобри бизнис-климата за да отворат компании во Македонија, но за тоа е потребна намалена корупција“....


Е, сега, нашиве од странство ако не и веруваат на кампањата и не сакаат да вложат некој долар, а не’ знаат добро што сорта сме, како да се очекува ( а, за тоа дебело сме платиле) од други кои не не’ знаат добро, да ни веруваат на некоја (нека биде и убава реклама) и туку така да ги вложат своите пари кај нас!?

Ма, ајде !..

И за на крај, нешто како показател на ефектот од оваа кампања, според студијата на реномираната консултантска компанија “Делојт“, Македонија е на последното место по интересот на инвеститорите во Европа

За инвестирање во Македонија, Молдавија и Црна Гора интерес пројавиле 10 отсто од инвеститорите во источна Европа, додека за овие земји интерес воопшто немаат инвеститорите од западна Европа.

Е, па сега види .....
______________________________________________________________________________________________