10.08.08 - 22:45 Invest in .... памет (2)

Интересот за темава може да го покoлеба човек да го заврши плaнираното, но можеби токму заради тоа и треба да се доврши како доказ дека и токму таквиот интерес ( и (не)делување ) е причина за состојбата во која сме како земја.
Елем, како мало потстување. Сите досегашни владеачки гарнитури се потепаа од фалење колку големи инвестиции ( разбира се, странски) ќе донесат.
Колку се донeсени, знаеме...
И во последново предизборие, како изборна мамка (особено од власта) се користеше истата финта – странски инвестиции, нови вработувања итн.
Дури, Груевски и компанија во тек на кампањата, отидоа во Франција во важна мисија за донесување странска ивестиција ,а, она за да потпишат некое писмо за намера за инвестирање со фирмата (мислам)“Монтале“- фалејќи се дека со оваа инвестија ( иако се ова е уште само како намера, ама изгледа доволно за изборно фалење- ветување ) ќе се обезбедат 500 нови вработувања ....во неколку години натаму.....
Што би рекол народецов,“не липсај магаре до зелена трева..“.

Е,ако тоа е се’ што политичарите можат да понудат на народот, што може народот да си понуди самиот на себе, па да мрдне малку напред !??


“Кај нас, поради разни партиски и владини субјективизми, никако да се почне и да им се даде вистинска шанса на непартиските и невладини граѓани за да дојдат до правилно валоризирање и вреднување на своите иновации, проекти и идеи. Скоро беше, кога неколку интелектуалци со високо образование и со ретки иновации, пазарно актуелни, дојдоа во Здружението и ни се обратија за разбирање и помош, како своите милионски вредни иновации од меѓународно значење да почнат да ги реализираат во стопанската дејност си што истовремено би вработиле околу 600 нови луѓе за почеток“.

Дали ви е ова јасно: готови проекти за нови 600 вработувања – пазите: не 500 за намерувана инвестиција (што вероватно нема да се оствари) и тоа за неколку години – туку 600 вработувања - сега, тука, веднаш.
И , ништо.


Затоа што “во Македонија, пред се', не постои ефикасен пазарен механизам за валозирање на иновациите и за заработување од нив (патенти, дизајн и слично). Непријатна е констатацијата дека завршените високи школи на иноваторите, нивното работно искуство, и умеење што го стекнале „не вреди ништо“ и оти бидејќи никој нема кој да ги вреднува нивните дела, тие може да заминат од земјава.“

Дали вреди да се објаснува понатаму со ваков интерес каков се покажува за ова!?
Отсекогаш трудот и творештвото - како индивуални активности- не се сметале како патриотски категории- урлањето, удирањето во гради.,јазичарењето, самофалењето(не само на политичарите) без дела (по)лесно поминува како “патриотизам“.
И да не должам, да не си губам времето, за некој кој е заинтересиран за ова да укажам дека цитате се дел од писмо објавено во “Дневник“, па може да се прочита цело.