01 : 14 19.09.2015 ОТКРОВЕНИЕ ( REVELATION )
Не взалудно се рекло -Сто глави, сто мислења“.Различитоста е неминовна и ако го негирате тоа со натурање на своето мислење и волја над други , само потврдувате дека сте “поразлични“ од другите и токму таа “различност“ ќе ве удри како бумеранг- кога ,тогаш.По природа на нештата ,власта е секогаш во позиција да го диктира мислењето за себе дека е успешна.Се‘ она што е спротивно на тоа е анти...
Така и нашава власт си има мислење и став дека е скоро непогрешива и можда, за малку, идеална. Во секој случај е со убедување дека е единствено можна ,бидејќи како што вели “ ... ќе ги поразиме (сите) до колена...“.
Не се трпи ни различно мислење ,а камо ли пак критика или хумористично-сатирична реакција на однесувањето и вредноста на власта.
И иако сегашнава ситуација ,со разобличување на власта преку опозициските “бомби“ ја тапи оштрицата на власта да “сече“ во старт на појава на некое “анти“, јасно е дека не би им било сеедно да речеме ( дали е воопшто е можно
-дали смее?)да се објави нешто вакво :
И ова би било дочекано како “предавничко“ масло и би следела тужба за навреда со прилично мрсна сума за оштета (за водачот).
А ,во исто време “експертите“ и “аналитичарите“ на власта додека се фалат како учеле од поразвиените демократски земји(особно околу скандалот на прислишкувањето и содржините од тие снимки) би започнале харанга против вакво “предавничко“ дејание за да се одбрани и зачува ликот и делото на водачот.
Но,да не се запалат овие предвреме да кажам дека е ова преработка ,а оргиналот е ова:
За IQ на Буш се шегачело на сите меридијани и барем досега немам слушнато дека имало некоја “строга“ реакција од страна на Буш за оваа карикатура, а да не зборувам за тужби или пак обид (барем) “да му се удрат 3-4 шамари,онака ,јавно на авторот....“ (што би било во стилот на водачот).
=================================================================================================================
Subscribe to:
Posts (Atom)