31.08.07 - 20:15 МАКЕДОНСКА ТРАНЗИЦИЈА

ДОПРИНОСОТ НА ДВОЕЦОТ: ПОЗИЦИЈА - ОПОЗИЦИЈА






















И сепак ,ова е демократски избор за објективна оценка.
______________________________________________________________________________________________________________________

30.08.07 - 17:25 ПАЈАКОВА МРЕЖА


___________________________________________________________________________________________________________________________________________

29.08.07 - 13:55 Р А З Б И С Т Р У В А Њ А

***Транспарентноста во работите ја демонстрираат преку прес конференции на спротивставените страни со мегусебни обвинувања.

***Многу валкани работи што се изнесуваат на виделина се чиста политика . ( !?)

***Дали тоа чекориме побрзо напред кога се нешто правиме некои пречекорувања ?

*** Додека власта калкулира , народот калира.

28.08.07 - 16:55 О Д М И С Л У В А Њ А

*** Додека сите партии си држат своја страна, државата ја ставаат настрана.
*** Функцијата јавна, а мотивите ептен лични .
*** И минимум можности за манипулација ги користиме максимално.
*** Зборуваат за т.н. “македонски синдром”, а на дело го практикуваат.
*** Пред изборите се’ јунак до јунак за костец со проблемите , а после изборите некако празен мегдан од јунаци.

27.08.07 - 19:20 * (И) С П У Ш Т А Њ А



***
Нема граница во игрите со границите на Македонија .

*** Меѓународната заедница ни ја признава кооперативноста кога сме ( и ) послушни.

*** Сонцето на македонското знаме на некои им изгледа како “дупка” , па не “дупат”.

*** Што ќе ни се други непријатели , кога ние сме си доволно самите против себе.

*** И покрај толку многу опции , не “опнаа”.
___________________________________________________________________________________________________________________________________________________

27.08.07 - 13:25 О Д М И С Л У В А Њ А

*** Се фалиме со евроориентацијата, ама користиме балкански “ориентири“ .

*** Ако корупцијата ни влегла на голема врата, тешко дека ќе ја истераме на “мала “ врата.

*** Голем шверц не се прави без “големци” луѓе .

*** Не е толку проблем организираниот криминал колку неорганизираноста на државата да се справи со тоа.

*** Капацитетот на можностите ни е ограничен, ама и тоа се користи максимално за лични интереси .
__________________________________________________________________________________________________________________________

26.08.07 - 14:45 Б Л Е Ф (Р Е ) Ф О Р М И



- Се правдаме со некои заговори од надвор , а дозволуваме од надвор да ни “заговараат” внатрешен дијалог мегу политичките субјекти ! ?

- Безбедноста и одбраната на земјата се област каде партизацијата е гарант како петта колона

- И покрај тоа што сме во секој поглед на ветрометина , пак ни треба “проветрување!

- Во област на одбраната и безбедноста на земјата , лошите последици веднаш откриваат дека некои реформи биле како блеф(ре)форми .

29.09.07 - 19:40 СТРИП(ирана) МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНСКА ПОЛИТИЧКА СЦЕНА
(надреалистички стрип)












Како по правило,секоја власт ,по устоличувањето,се спознава себе како
( доволна сама пo себе) од бога дадена,па и однесувањето им е во тој стил:
Ние сме ВЛАСТ - ние знаеме
најдобро што е потребно ....




>>>> Арогантноста е стил на владеење и однесување особено спрема политичките опоненти - опозицијата, а богами и спрема помалите партии од владеачката коалиција.







>>>> Зависно од ситиацијата,се разбира од интерес на владеачката гарнитура,се демонстрира спремност за соработка повикувајќи ги другите субјекти.







>>>> Се оди дотаму да се прикажува и “идиличност“ во можностите во односите со другите субјекти

















Секако ,не пропуштајќи прилика да се покаже кој е кој во таквата ситуација со што се покажуваат и вистинските намери.




>>>>Но , и другите субјекти искористуваат некоја можност да покажат иницијатива за презентација на своите замисли и интереси







>>>> И неизбежно веднаш одат да се пожалат до претставниците на т.н. меѓународна заедница во земјава.









>>>> Овие ,не чекајќи повторно да им се каже , ја користат приликата веднаш да интервенираат, потенцирајќи ја својата улога во развојот на земјава.






>>>> Стриктно професионално им ја презентираат на домашните авторитети реалната состојба и позиција во однос на распоредот на силите демонстрирајќи одлучна иницијатива за средување на работите како (им) одговара најдобро.













Секако,не се пропушта прилика да се потврди задоволството од својата улога и спремноста за натамошно нејзино учество во ваква соработка со домашните авторитети во решавање на проблемите.



>>>>Претставниците на нашата власт ја признаваат улогата на меѓународната заедница и (понизно) покажуваат спремност за натамошна соработка
















Па,соочувајќи се повторно со сопствената претстава за својата позиција на ВЛАСТ , си продолжува да работи на својата замислена и зацртана програма за делување.

_________________________________________________________________________________________________________

Напомена: за илустрација е користена видео играта “ Адам и Ева“ - преземeна од
Motika.com.mk

25.08.07 - 19:55 . . . . . . . . ШАЛТЕРИ

ПОТЕМКИНИ ШАЛТЕРИ


Со вообичаен групен кадар на владата , премиерот објавува за владината одлука за реновирање на шалтерите на државната и јавна адмнистрација така што граѓаните ќе се чувствуваат достоинствено кога ќе се најдат пред шалтерите , а не бидат “наведнувани“.

Е,сега, големо прашање е дали достоинството на граѓаните се зачувува само со фино уредување на шалтерите или со уредување на сите дејствија и постапки на администрацијата со кои што граѓанинот веќе е доведен во ситуација “наведнат“ “достинствено“ да го шалтерисуваат по фино уредени шалтери.

Ќе да е ова некоја заебанција, како некои “потемкини шалтери“!?

25.08.07 - 14:15 ПРАВЕЦ : Н А Т О , А КАКО ?

- Отежнувачка околност за Македонија за интеграција во НАТО е и немањето граница со Русија

- И, ај што немаме граница со Русија, ама рушењето на некоја “граница” за поголем продор на рускиот капитал во Македонија дури како би ни го качил рејтингот за влез во НАТО .

- Политичките субјекти кај нас повеќе се загрижени за својот опаднат рејтинг отколку за опаѓачкиот рејтинг на земјата заради нивното однесување

- Слаба утеха е ако постои конкретна одговорност ако се дозволат и натаму лоши решенија во одбраната бидејки последиците сепак ќе бидат колективни и тоа генерациски

- Секое калкулирање за групашки интереси во област на одбраната значи само калирање на одбраната на земјата

22.08.07 - 13:25 МАКЕДОНИЈО,ЈА БИВА ЛИ РАБОТАВА ?


==============================================================================================================================

По прозивката од СДСМ , се јавија од кабинетот на премиерот Груевски со факсимили од записници од седница на владата кога била расправата за договорот за ОКТА со кое “докажуваат“ дека тој не бил на седницата - значи ,не е одговорен за ништо во врска со договорот со ОКТА .(!?)
Иди бегај !
Ова ми наликува на договорот со ДУИ - “нема договор“ ; “ако има нешто, не е потпишано,значи не е договор“ ; па ,“не е тоа ,тоа“ , итн.
А,штосот е што договорот со ОКТА потоа со години бил ПРИСУТЕН во секојдневието на министерот за трговија и подоцна министер за финансии Груевски, и како и другите, и од ВМРО и од СДСМ, не мрднале ни со мал прст да се спречат негативните последици и да се поведе одговорност за штетниот договор.
***

По меѓусебните обвинувања околу случајот ОКТА , Трајанов се правда дека како министер за внатрешни работи во тоа време не стигнал да го прочита договорот. (!??)
Ако и не прочитал,доволно се изнаслушал и во собранието и во јавноста за штетноста на договорот , а како полицаец бр.1 имал прилики и не само да чуе и по други канали за “подмачкувањата“ што биле неопходни да помине ваков штетен договор и не презел ништо или чекал некој да му каже што треба да прави ?
***

И по најновиот случај ОКТА и плаќањето оштета од околу 50 мил.евра , по однесувањето на политичките субјекти - напаѓањата и себеоправдувањата- не верувам дека ќе извлечеме барем поука од ова.
Каков “кадар“ имаме и натаму од избор на “трите“ ќе го повлечат (на наша штета)“подолгото“.
***

Со поставувањето на нов директор на МЕПСО ,се протна информација дека обој бил во роднинска врска со Грујо.
Па, добро,бе мајка му,толку ли сме мала земја што секој новопоставен “кадар“ мора да биде роднина !?
***

Своевремено ,член на Меѓународната кризна група јавно ,во лице на Георгиевски ,му скреса дека само идиот може да потпише ваков штетен договор( за Окта ) .
Е,сега, од имотната состојба на Љ.Г. јасно е дека добро си го наплатил “идиотизмот“, а со досудената оштета што треба да ја плати Македонија , најјасно е дека идиоти сме си всушност ние сите што ќе мора да плаќаме за туѓ “идиотизам“ .

21.08.07 - 22:25 МАКЕДОНИЈО ,ЈА БИВА ЛИ РАБОТАВА?

===========================================================================================================

Случајот со пратеничката Куновска која од НСДП премина во ВМРО ДПМНЕ ( според сите трансфер финансиско-матерјални стандарди), го потврдува веќе познатото:
Народен пратеник - партиски платеник!
***

Долго-мачната седница на собранието околу “случајот Бучковски“ заврши со очекуваното симнување на имунитетот на Бучковски од страна на пратениците од владеачкото мнозинство.
Со оглед на сето тоа што се случуваше во однос на овој случај, по ваквата завршница, јасно е дека :

- имунитетот на собранието како законодавен дом е нарушен од партиско-политички вирус(и)

- во услови кога и судската истражна постапка била завршена, се поставува прашање за оправданоста на одземање имунитет на Бучковски (кога веќе биле применети други мерки на ограничување на слободата на движење), и јасно е дека е потребна посебна “истрага“ во собранието за целава “драмолетка- сплетка“.
***

На собраниската седница,пратеникот Ѓорчев занесено ги “информира“ колегите дека притворените во “тенковскиот случај“ веќе “пропеале“ и признале се’. (!!???)
И несвесно, Ѓорчев “пропеа“ (море испеа на цел глас)дека постои постојан и јак партиски линк со државни институции - судството, кое нели, е “независно“ - и дека се’ се одвива по однапред подготвено сценарио.
Да одбиете на младото -будалесто, ајде , ама ако одбиете на се’ , влегуваме во “сценариото“ и нема после -“не бевме во собранието“.
***

Опозицијата обвинува дека 15 милиони долари од вкупните 30 милиони од продажбата на ОКТА “легнале“ на приватни сметки.(!?)
Е,сега, ако е до “легнување“,после се’,јасно е дека сме “(НА)ЛЕГНАТИ“ сите ние и (наспроти вообичаениот “пазар“ за “легнување“) за тоа добро ќе плаќаме

18.08.07 - 20:00 (И) С П У Ш Т А Њ А

* Не би рекол дека секаквите посети на разните белосветски набљудувачи и олеснувачи е последица на нашата гостопримливост.

* Аман , немојте повеќе да се фалиме дека сме лидери во заштита на малцинските права -- ќе не нагрбат со нови екесперименти .

* Партиите на Албанците на сет глас инсистираат на (легалислативна) имплементација на Охридскиот договор , и упорно“теренски“ работат на реализација на своите амбиции вон рамковниот договор .

* Велат дека идејата за голема Албанија е чиста лудост , а за жал ,лудите ги ”служи среќа да бидат штитеници на Запад , па . . . . . . .

* Откако ќе се договорат лидерите на партиите ( се разбира , под “олеснувачко” туторство ) започнуваат со интерпретација на договореното.

__________________________________________________________________________________________________________________________________

(линк за Busavko.blog.com.mk)


Кој е (на)учен да трпи, ....


_____________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

15.08.07 - 19:15 Е, НАШИ РЕФОРМИ .....

Од состојбата на реформите кај нас ,видливо е дека најпотребни се реформи кај човечките ресурси.


___________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

14.08.07 - 16:20 ПРВО В И Ц........

ПРВО В И Ц , ПОТОА “КОМУ ИДЕ“


Не верувам дека има некој рамнодушен кон пречестите настрвени партиски прес конференции.За секој нормален човек , а не партиски запаленко,тие се иритирачки,глупави ,навредувачки.

И колку човек да ги игнорира ,не може да се избегнат ( не помага тука “исклучи го копчето“ ) ниту пак, да се избришат од јавната сцена- изгледа дека се и основниот начин на партиско делување.

А, несфатливо е како партиите не се (или се?) свесни дека со таквиот однос на прес конференциите прават не само прекршок туку прават и кривични дела - од нарушување јавен ред и мир, па до поттикнување на нетолеранција и сукоби на политичка ,национална основа, море , делуваат против здравјето на луѓето и го нарушуваат и менталното здравје на нацијата .

Елем ,кога законот е “пробирлив“ или партииве се некако “’недопирливи“, би можело да се направи барем нешто, да се воведе некое обврзувачко правило за водење на прес конференциите , како гест на мал респект на партиите кон јавноста (хм ,има такво нешто ?)

Имено , секоја прес конференција би требало да започне со виц на своја (партиска) сметка и тоа:

- партиите од власт би требало да си кажат барем два вица на своја сметка , а потоа да следат “вицевите“ против опозицијата.

- опозициските партии - би требало да си кажат барем еден виц на своја сметка , а потоа следат “вицевите“ против власта.

И ако ништо друго би можело да биде интересен обидот на партиите да бидат “самокритични“ и би се направиле забавни овие партиски прес “мастурбирања“.

Па ,ќе пробаме ли ?

____________________________________________________________________________________________________________________________

11.08.07 - 16:00 Безсрамни пирати

Медиумите и новинарите - безсрамни пирати !


Во “Време“ број од 11-12.08.07 , на половина страна се презнтирани факсимили од учебник по географија,од грчко издание на атлас на Европа и од третиот том на илустрираната детска енциклопедија печатени во Грција (1977 г.), каде што на топографски карти на територијата на Македонија јасно стои и називот “МАКЕДОНИЈА“.

И се’ би било во ред и би било дури како пофално за редакцијата што се погрижила да дојде до вакви податоци што ги “тепаат“ Грците ,ако не “заборавиле“ еден факт:

сиот овој матерјал е преземен изворно од порталот “Кајгана“ од макблогосферата и тоа безсрамно не е наведено .

Зар толку ќе ги заболеше суетата ако го навеле изворот од каде што тие ете го добиле, пардон ГО УКРАЛЕ на готово матерјалот ( и идејата), ако ништо друго и барем како колегијален гест на признание за трудот на некој поединец (знаат и самите како е тешко да се дојде до податоци) или нив баш ги заболе нешто друго ??

_______________________________________________________________________________________________________________________

11.08.07 - 14:00 ИСКУСЕН ПРИТВОР

Со колкава леснотија се одредува мерката притвор кај нас,а богами и траењето на оваа мерка му е бабачка,не чуди ами загрижува дека веќе е одомаќено мислењето дека притворот е веќе казна за осумничените, без судска постапка и судска пресуда, што претставаува грубо кршење на човековите права и газење на постулатите на правна држава . Ако на ова се додадат и на големо прикажаните “ услови“ за живот(арење) во истражниот затвор во Шутка не само од паталците што минале низ овој “круг“,тогаш изгледа дека оваа “мерка“ е “намерачена“ како (сурова) казна.

Што рекол народецов,стап по туѓ грб не боли.

Елем,во една од западниве земји,своевремено еден млад судија ,веднаш по своето назначување , си одредил себе си неколку дена затвор онака како да се запознае што е тоа .Колегиве го одвраќале ,како е тоа смешно и глупо да се “казнува“ себе си ,дека не е добро за еснафот тоа кога ќе чујат медиумите итн.

Неговото објаснување било: со кое право и како да одредам мерка притвор и казна затвор за некого ако незнам што значи и еден ден во затвор за да го имам “аршинот“ за одредување на тежината на казната.

Е, ама тоа е “таму“.

Е,сега да се очекува вакво нешто кај нас самоиницијативно од лицата што носат судијска тога е повеќе од илузорно, па затоа би требало како “педагошка“ мерка, како дел од практичното одвивање на приправничкиот стаж , да им се одредува мерка притвор по некој ден на тие што “многу љубат“ да бидат судии за да го запознаат “аршинот“ за одредување казна.

И тоа може да се одвива и потоа циклусно во тек на судијскиот стаж бидејќи кај нас тоа е така :далеку од очи ( и од своја кожа) далеку од срцето ( и паметот).
______________________________________________________________________________________________________________________________________________

9.08.07 - 13:20 РЕЧЕНО - ПОРЕЧЕНО


*** Изгледа секоја нова влада неможе без старата влада: малку ,малку па ќе ја “повлече” за свое оправдување.

*** Какви промени и да ви ветуваат ,знајте дека правдањата се непроменливи.

*** Лесно речено уште полесно поречено.

*** Кој лесно се фаќа на ветено , ќе биде како на вретено.

*** Најголемо кај нив е самомисилата за нивната големина.

*** Глава наведната , ама носот дигнат.

*** Работите не можат да се средат преку ноќ , ама да се закашкаат може.

*** Наместо да се опаметат , не распаметуваат.

______________________________________________________________________________________________________________________________________________________


8.08.07 - 19:25 Б З З З З З З З З З З


__________________________________________________________________________________________________________________________________

7.08.07 - 19:45 - НИЕ , ПРАВНА ДРЖАВА .....

___________________________________________________________________________________________________________________________________________________

6.08.07 - 12:50 ...... ТЕНДЕР

ОРГАНИЗИРАЊЕ ТЕНДЕР




_______________________________________________________________________________________________________________________________________________

5.08.07 - 16:30 НАША РАБОТА


____________________________________________________________________________________________________________________________________________________

5.08.07 - 13:20 ЕВРОИНТЕРПРЕТИРАЊЕ

*** Од процесите за евроинтеграции ние најчесто упразнуваме евроинтерпретирање.

*** Реформите кај нас се прифаќаат во стилот : влакно менуваме ќудта не.

*** Реформите може да бидат болни, ама како тоа повеќето да ги боли, а помалиот дел баш ги заболе?

*** Се повеќе луге во земјава ги мачи една мисла за Македонија - како да ја напуштат.

*** Капацитетот на земјата за евроинтеграциија е сеуште на ниво на ораторски капацитет - само да се зборува за тоа.

*** Не може да фатиме асален приклучок кон Европа кога ни се случуваат се некои работи како исклучок.

_______________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

4.08.07 - 20:15 РАНГИРАЊЕ

4.08.07 - 19:30 ....“ЛИДЕРИСУВАЊА“

НАШИ ЛИДЕРИСУВАЊА


- Медиумите посочија прашање до одговорните во земјава од седиштето на НАТО : “ Што правите за земјата ? ; а , всушност тоа било : “Што и правите , бре , на земјата ! ?“

- Од се она што ни се случува јасно е дека најсуштинските реформи се неопходни кај човечките ресурси

- Паролата “снајди се” и од бесбедносен аспект се покажа како лоша за земјата ; од сите наши снаоѓања ,ете што ни ја снајде земјата.

- Наместо проблемите да ги ставиме на тапет , ние со своето проблематично однесување се ставаме самите на тапет пред НАТО и ЕУ

- Од сите наши самофалени “лидерисувања” во регионов изгледа ни остана само “лидерисувањето” во правење од готово вересија.

- Во отсуство на комуникација не само во одбранбениот систем , се отвара “дупка” за непријателско делување.

- Заради нашите “(не)дијалошки” релации нема да чуди ако од надвор ни наметнат и некаков нов рамковен договор за одржување редовен дијалог мегу политичките субјекти.

__________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

3.08.07 - 14:10 .......... приТВОР ?

ЗОШТО ТАКА НЕКАКО ЗАУДАРА КОГА СЕ ПРИМЕНУВА

МЕРКАТА ПРИ Т В О Р ?

__________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

1.08.07 - 19:20 Додека политиката ....

ДОДЕКА ПОЛИТИКАТА ПОБЕДУВА - ПРАВОТО ГУБИ !

Додека има (само)фалење на власта за “политиката што победува ....”, тешко на правото и законитоста.
х х х

Не’ убедуваат дека транзицијата си има цена: - и се’ повеќе ја има цената отколку транзицијата.
х х х

Куповната моќ и моралот на Македончето се дојдени дотаму што да му понудиш производ и бесплатно тој ке ти бара да му платиш.
х х х
Меѓународен тим научници докажал дека човекот не потекнува од неандерталецот. Е, значи, цело време неправедно сме го “окривувале” неандертал
eцот.
х х х

Со нешто повеќе од “скопско” - и се’ е можно !

_______________________________________________________________________________________________________________________________________

1.08.07 - 13:30 Пресумција . . . . . .

Пресумција на невиност ( без заштита)

Владиниот портпарол Боцевски одговара на приговорите на опозицијата и експертите за апсењата “ . . .дека во Македонија има само еден голем шок. Шок дека конечно се апси,дека правдата конечно тропа на врата и дека почнало да се разбива врзаното оро меѓу политиката и бизнисот ....“ (!?)

- Е , сега не е проблем што се апси туку како се апси и тоа со “диригирање“ (манипулирање) со медиумите директно од страна на МВР ( која е маша пак на други ).

- И тешко нам ако правдата се сведува главно на полициско тропање на врата и ставање лисици ( и тоа под медијски рефлектори)заради “уметнички дојам“.

- И кога веќе се “разива тоа оро меѓу политиката и бизнисот“, идеално време е значи сега владеачките партии да дадат пример и да си ги покажат целосно сметките за нивното финансирање и особено давање комплетни извештаи за изборното финансирање што не е сторено досега за кое што и ДЗР има ставено забелешки.

Или , би било преголем шок за земјава да се случи се’ како што налага Законот,а не според “законот на посилниот“ !?

________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________