21.02.08 - 20:00 ФАКТИТЕ ЗБОРАТ

bakojani.jpg 2007_rainbow_answer_to_ethnos_gr_clip_image002.jpg

БАКОЈАНИ: http://www.florina.org


“Наша позиција е да најдеме јасно и трајно решение. Грција е подготвена да прифати сложено име, кое ќе ја разликува оваа земја од поголемиот географски регион кој се вика Македонија “


( како одговор извадок од писмото на “Виножито“ иод 5.11.07 до Нимиц):

2.3 Што велат фактите? Имено, во Грција не постои единствена адинистративна провинција што се вика „Македонија“. Од 13 админстративно периферии во Грција, 3 единици го носат името Македонија. Тоа се „Периферија Западна Македонија“, „Периферија Централна Македонија“ (со Солун/Тесалоники во истата) и „Периферија Источна Македонија“ во северна Грција. Иако повеќе од една периферија го носи името „Македонија“ нема никаква конфузија помеѓу овие периферии. Тоа е поради фактот што секој еден од овие три периферии има префикс („Периферија Западна“, „Периферија Централна“, „Периферија Источна“) пред зборот „Македонија“ и така се разликуват една од друга. По оваа логика, исто така не може да има конфузија помеѓу една или повеќе од овие периферии во Грција и независната и суверената држава што се вика Репубика Македонија, име што го има префиксот „Република“ пред зборот „Македонија“

2.5 Мора да потенцираме дека во последните 15-20 години се воведени имињата во грчкиот јавен сектор кои што го содржат терминот „Македонија“. Најтипични примери се: „Министерство за Северна Грција“ кое со одлука на грчката Влада во 1988 година беше преименувано во „Министерство за Македонија и Тракија“, во периодот кога беше евидентно дека ќе се растури Југославија со можност за создавање на независна македонска држава. Друг таков пример е „Индустриската школа во Солун“ која беше преименувана во „Универзитет Македонија“ во 1990 година. Истото се случи и со аеродромот „Тесалоники-Микра“ кој беше преименуван во „Аеродром Тесалоники-Македонија“ во 1992 година, кога Република Македонија веќе имаше прогласено независност

БАКОЈАНИ во Вашингтон: НЕ ПОСТОИ МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО ВО ГРЦИЈА !!!!

(како одговор следи извадок од писмото од „Виножито“ до Нимиц од 5.11.07 )

1.3======Суштината на внатрешниот проблем за ова прашање за Грција е одбивањето да се признае и да се почитува одделен и посебен македонски етнички-национален идентитет како различен од грчкиот бидејќи со тоа ќе колабрира грчкиот мит за национална хомогенизација форсиран со децении во државата.

Како што напоменавме и во минатото писмо, македонското прашање претставува проблем за Грција пред се поради фактот што на нејзина територија постои македонско малцинство. Овде се крие тајната на грчката аргументација околу наводниот иредентизам на Скопје.

БАКОЈАНИ : “.....
. Оставете ја историјата за да дојдеме до решение и да бидеме заедно во НАТО и во ЕУ....“ (??)

Е, само да го каже ова пред огледало, па да и поверуваме.
____________________________________________________________________________________________________________________________________________________

18.02.08 - 23:10 МАКЕДОНЦИТЕ - АБОРИЏАНИ ?

По едновековното онеправдување на домородниот народ Абориџаните во Австралија, и по еднодецениско задржување- чување на предлогот за јавно извинување до Абориџаните за тие неправди кон нив, австралискиот парламент собрал трошка доблест и “пуштил душа“ да се извини до Абориџаните за “длабока болка,навреда и понижување“ ,што им се нанесени од политиката на минатите влади.

aboridjani.jpg

Дали со тоа се завршени неправдите кон етничките заедници во Австралија?

Тешко.

Дали Македонците во Австралија се новите Абориџани ?

makedonci vo avstralija.jpg

Лабуристичката партија која е предводник за ова извинување до Абориџаните на своја сметка има и друга неправда , кон Македонците во Австралија - не само што ги прекрстуваат во славмакедонци туку се одбива и признавање на уставното име на Македонија ,(пра)татковината на Македонците во Австралија и тоа само под влијание на грчкото лоби кое плаќа дебело ( не само )на партиска сметка и со гласови на изборите.

Барањата на Македонвите во Австралија за нивното право на именување како МАКЕДОНЦИ и за признавање на уставното име на Република Македонија наидуваат на глуви уши на австралискте централни власти.

Дали и овие барања на Македонците ќе мора да “одлежат“ во фиоките на политичката -партиска бирократија како и за Абориџаните , додека не им “текне“ да им се извинат на Македонците?

Зошто австралиските власти не извлечат поука од нивниот однос кон Абориџаните, па да ја “сторат“ правдата и кон Македонците во Австралија кои се нејзини лојални граѓани- државјани и им следат тие права што ги бараат?

kenguri_odmaraju-300.jpg
__________________________________________________________________________________________________________

15.02.08 - 23:30 - ДО КОНДОЛИЗА РАЈС

( ова е преземено од http://admiror.blog.com.mk )


До Кондолиза Рајс

( dostaveno po e-mail - 13.02.08 )

- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -

kondoliza i bakojani.jpg

Dear Madame Secretary,


With my respect, I am free to suggest you to look and read a LETTER (5.11.07) from RAINBOW - Political party of the ethnic Macedonians in Greece ( http://www.florina.org ) to Matthew Nimetz

United Nations Special Envoy on the Name Dispute between Greece and Republic of Macedonia.

This letter is also addressed to Minister of Foreign Affairs of Greece - Mrs. Dora Bakogiannis (your gest these days).

Between other thinks you can ask Mrs. Dora Bakogiannis what is her or her government answer to this letter from masedonian political party.

Mrs Raise , you can closed the eys but the facts will not disappear

So, it is fact that Grese doesn’t accept and respect

humans and minoritis rights in Grese especially rights of

ethnic Macedonians

Then, why such privileged treatment for Greese with tolerance and support for her behaviour against humans and minoritis rights especially rights of

ethnic Macedonians ?

Please,read the letter and answer the questions from letter to yourself .

Sincerely,


Stanko Georgievski ( Skopje , Makedonija )


13.02.08

P.S.

Please, read Human Rights Watch Report on Greece http://www.umdiaspora.org/images/Identity.pdf

********** the U.S. Department of State's Human Rights Report on Greece. http://www.state.gov/g/drl/rls/hrrpt/2006/78815.htm

************* MHRMI 2008 Annual Report on Greece.

http://mhrmi.org/news/2008/january27b_e.asp

__________________________________________


______________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

8.02.08 - 22:55 FREE SMILEY IN ASTION


V

V V V V V V V V V


















____________________________________________________________________________________________

7.02.08 - 20:15 “ ТИ НАМ .......“!?

По започнувањето на “танцот на цените“ на некои прехранбени производи што владата од прво го оцени како “светски тренд“ ( а ние душа даваме за следење “трендови“) и по критиките од опозицијата дека владата не прави ништо за опаѓачкиот тренд на стандардот на граѓаните, владата како да се тргна малку од трендовското гледање на работите ,па реши по пример на Хрватска и др. земји, да поработи малку на ова, па формира комитет за следење на цените како и отпочнување преговори со производителите и трговците( a, овие веќе одговориле негативно ) за поефтинување на некои производи како маслото за јадење, лебот, млекото.

Макар што, основно би било владата да се заангажира за што подобро “опремување“ на нивите , а не на своите кабинети и другата администрација - од правилна поделба на обработливото земјиште, а не по партиска линија, за враќање на сончогледот и други култури на нивите; набавка на модерна механизација - ( старите комбајни прават директна штета од 20-30 % од родот на пченицата што не можат да ја соберат) итн,итн...

Е ,сега не навлегувајќи што се’ ќе направи владата и опозицијата - граѓаните ќе си го тргаат теретот на било кој начин - да не бидам и јас во тој “тренд“ на блаботење и (празно)преговарање да “фатам“ некој рејтинг би “уфрлил“ на еден предлог:

Имено, уште пред некоја година кога беше слична ситуација со маслото за јадњење, па масларите почнаа да “играат“ и со амбалажата - ја намалуваа да бидат цените поиздржливи при поединечно купување, на масларите им дадов предлог да го надминат постојното соперништво да не речам и непријателство и да се здружат при набавка на амбалажата ( а и суровините, сирово масло и др.) така што со поголема количина ќе можат да остварат франшиза - помала цена.

Исто така, да не се намалува амбалажата туку да се зголеми на 1,250 или 1,300 л така што би се заштедила четврта или петта флаша , па граѓаните нема да купуваат 4 флаши ( ако месечната просечна потрошувачка е околу 4 л ) туку би купиле 3 флаши , па би се заштедило и за цената за една амбалажа и во една трговска маржа и ДДВ.А, масларите би оствариле и заштеди во транспортот, пакувањето на флашите, транспортот внатре во фирмата и др.

Ама, “ ти нам .... , ха “ !?

“ Што има ти да даваш некој предлог и што имаш ти од тоа “! ? ( ????????)

И, нормално ништо од тоа.

Незнам дали е и тоа “светски тренд“, наш сигурно е , ама нешто од ова може и сега да се оствари наместо да има некои празни преговарања за да се покаже - ете, правиме нешто, ама овие трендови се појаки “

Или и за владата важи “ ти нам ....“ !?( а, богами, и ако не си од наша партија“!)

_______________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

6.02.08 - 14:10 ЖИВЕЈ ВО Е-МК !


_________________________________________________________________________________________________________________________________________